Прва дебата од циклусот „ЕУ Разговори“

11.03.2015 09:03

Дебатата ќе ја водат вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и претставници на СЕП, а ќе има учесници од граѓанскиот сектор и од академската заедница...

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) почнува циклус-дебати „ЕУ Разговори“ (EU Talks) во насока на реализирање на ЕУ Агендата 2015. Првата дебата која ќе ја организира денеска е на тема „ЕУ останува нашиот приоритет“.
 
Дебатата ќе ја водат вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и претставници на СЕП, а ќе има учесници од граѓанскиот сектор и од академската заедница. 
 
Целта на дебатниот циклус „ЕУ Разговори” е подобрување на квалитетот во процесот на пристапување во Европската унија, водејќи се од начелата на инклузивност и транспарентност во своето работење, соопшти СЕП.