Министерот Иво Ивановски на бизнис-форум во Естонија
11.03.2015 09:06
Ивановски ќе има презентација пред информатички компании од Естонија, на која ќе ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија, со фокус на ИТ-секторот...

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски од денеска до 13 март ќе престојува во Естонија, каде што ќе учествува на бизнис-форум организиран од естонската Стопанска комора.
Како што соопшти МИОА, Ивановски ќе има презентација пред информатички компании од Естонија, на која ќе ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија, со фокус на ИТ-секторот.
Ивановски ќе посети и неколку естонски компании кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија.
Посетата на Ивановски на Естонија е во рамките на владините роуд-шоу активности за привлекување странски инвестиции, информира Министерството за информатичко општество и администрација.
