„Адријана Лекуврер“ премиерно на сцената на МОБ

11.03.2015 09:16

Се работи за најизведуваното дело од овој автор, а во подготовката на премиерата, учествуваше интернационална екипа...

Во петок, на сцената на Македонската опера и балет, за прв пат ќе биде поставена премиерна изведба на операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа.

Се работи за најизведуваното дело од овој автор, а во подготовката на премиерата, учествуваше интернационална екипа. Режисер е Енрико Кастиљоне, диригент, Стефано Романи, двајцата од Италија. Сценограф е Александар Златовиќ, костимограф- Весна Радовиќ, од Србија. Кореограф е Олга Панго.

Изведувачкоит дел од екипата го сочинуваат: Џована Казола од Италија, во насловната улога. Маурицио (тенор)- Ѓорѓи  Цуцковски, Принцеза де Бујон (мецосопран)- Јелена Влаховиќ (Србија), Принц де Бујон  (бас)- Елиjа Тодиско (Италија)…

Репризата на претставата е закажана за вторник. Учествуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.