Бугарскиот министер за надворешни работи

Вигенин денес во Македонија

09.01.2014 18:44

Бугарскиот министер за надворешни работи, Кристиан Вигенин денес пристигнува во работна посета на земјава. Со неговиот домаќин, македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Поповски  ќе разговараат за билатералните проекти во инфраструктурата, економијата и регионалното поврзување. Министерот Вигенин во дипломатската академија на Министерството за надворешни работи ќе има и обраќање на тема: „ЕУ и Западниот Балкан: предизвици во 2014 –та“. Вигенин ќе се сретне и со собраниската група за пријателство со Република Бугарија. 