Во Лондон и во Минхен промоција на уште два четвртфиналиста во ЛШ

Челзи, ПСЖ, Баерн и Шахтјор бараат место во елитната осумка

11.03.2015 10:15

Заедно со Порто, Челзи единствен нема пораз сезонава во шампионската лига. Против француски екипи досега нема неуспех во Лондон – на шест меча, четири победи и две ремија. На пет од нив дури и не прими гол. Мрежата на противниците ја погодува барем по еднаш на последните 18 домашни средби во елитната конкуренција...

На „Стемфорд Бриџ“ реприза на ланското четвртфинале. Лани Челзи надомести 3-1 од Париз со победа од 2-0 во реваншот, а сега има уште поповолни 1-1 од „Паркот на принцовите“. Пред три недели Ивановиќ го даде вредниот гол на гости, по што Кавани го одржа францускиот тим со реални шанси за место во најдобрите осум.

Откако пропушти два меча во Англија поради суспензија, Матиќ ќе го зацврсти средниот ред на „сините“. Србинот е една од круцијалните алки во системот на Жозе Мурињо и менаџерот е пресреќен што ќе истрча со најдобриот тим. Поради повреда ќе го нема само Оби Микел. Кај Пари Сен Жермен ќе ги нема повредените Орие и Лукас, но можно е Лоран Блан да го уфрли во оган заздравениот Кабај.

Заедно со Порто, Челзи единствен нема пораз сезонава во шампионската лига. Против француски екипи досега нема неуспех во Лондон – на шест меча, четири победи и две ремија. На пет од нив дури и не прими гол. Мрежата на противниците ја погодува барем по еднаш на последните 18 домашни средби во елитната конкуренција. 

Пари Сен Жермен нема постигнато ниту еден гол на петте гостувања во Англија досега. Прекин на ваквата негативна традиција му ветува одличната голгетерска форма не на Ибрахимовиќ, туку на Кавани. Уругваецот беше стрелец на шест гола на седумте меча сезонава, а куриозитет е што токму против Челзи има дадено пет од шесте погодока во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, во дресот на „светците“, а порано и на Наполи.

По двобојот во Париз, Челзи го освои англискиот Лига Куп и остана лидер на премиерлигашката табела. Пари Сен Жермен трипати победи и еднаш ремизираше во четирите одиграни меча во Франција, но се уште е втор на табелата во Лига 1 зад водечкиот Лион.

На Челзи вечер ќе му одговара и реми без голови и ништо чудно Мурињо да се определи токму на таков начин да брка заверка на пласманот во четвртфиналето. 

Со 0-0 во наредниот круг ќе ќе можат ниту Баерн, ниту Шахтјор, откако нивниот прв дуел во Лвов заврши токму со тој резултат. Во Минхен мора да има победник. Тоа не е добра вест за укринаскиот првак, којшто досега нема триумф над германски ривал во шампионската лига, не постигнал гол на последните четири меча против бундеслигашки екипи, а згора на се и Нојер се уште не е совладан сезонава на „Алијанц“ во меч од елитната конкуренција.

Пеп Гвардиола има доволно длабок ростер за да го надомести неиграњето на казнетиот Алонсо и на повредените Лам, Мартинез и Алкантара, иако бројките предупредуваат. Баерн има само една победа на последните шест нокаут-средби. Шахтјор, пак, којшто пак ќе истрча без Бернард, а до крај ќе бидат неизвесни настапите на Тешеира, Ракитски, Кривцов и Ордец, нема полн погодок на последните пет елиминациски дуели.