Премиерот Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО
11.03.2015 10:05
Се очекува разговорите да се фокусираат на реалциите на Македонија со НАТО, и учеството на припадниците на АРМ во мировните операции на Алијансата низ целиот свет...

Премиерот Никола Груевски е во Брисел, ќе се сретне со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Се очекува разговорите да се фокусираат на реалциите на Македонија со НАТО, и учеството на припадниците на АРМ во мировните операции на Алијансата низ целиот свет.
Според најавата од прес-службата на Столтенберг за 13 часот и 30 минути предвидени се и официјални изјави. Прес-конференцијата ќе биде директно емитувана на интернет страницата на НАТО.
