Бесими: Политичко и правно решение со поддршка на меѓународниот фактор
Она што е важно е и во комплексни ситуации да останеме сериозни и цврсто определени за нашата цел - евроатлантската перспектива, изјави вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими...

Потребно е политичко и правно решение со поддршка на меѓународниот фактор Македонија да излезе од оваа комлексна и сложена состојба и да покаже јавна определба дека останува на европскиот пат со сите вредности и стандарди, оценува вицепрмиерот Бесими на првата трибина „ЕУ останува наш приоритет“.
„Ситуацијата е комплексна и сложена, доволно е ако ги слушаме пораките од нашите партнери од Брисел и Вашингтон. Она што е важно е и во комплексни ситуации да останеме сериозни и цврсто определени за нашата цел - евроатлантската перспектива“, изјави вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.
