Спортски оскар

2013-тата за Кире Лазаров

09.01.2014 22:52

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и ракометар на Барселона е избран за спортист на Македонија за 2013-тата. Вредното признание во кариерата на секој спортист на Лазаров му го врачи премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

Во организација на Агенцијата за млади и спорт и сојузот на спортски федерации по 59-ти пат беше одржан изборот за најдобар спортист на Македонија.

Покрај Лазаров, за најдобра спортистка беше избрана ракометарката Билјана Црвенковска,женската ракометна за најдобра репрезентација, па логично и ракометната федерација го понесе епитетот најдобра.

Најдобра машка селекција е кугларската, Драган Атанасовски е најдобар тренер, Берат Јакупи и Лина Ѓорчевска го понесоа признанието за најдобри млади спортисти, а пливачот Андреј Стојановски е најдобриот спортист со инвалидитет.

Зоран Видевски