Мерон: Антисемитизмот повторно расте во Европа
Антисемитизмот повторно расте оценува израелски дипломат Даниел Мерон, експерт во Обединетите нации, дополнувајќи дека македонско- израелските односи се одлични...

За време на Втората светска војна Македонија и Израел имаа заедничка историја. Антисемитизмот повторно расте оценува израелски дипломат Даниел Мерон, експерт во Обединетите нации, дополнувајќи дека македонско- израелските односи се одлични.
„Денес антисемитизмот повторно расте во Европа. Не во Македонија ,туку во многу други делови од светот. Со израелскиот амбасадор Оријан ќе присуствуваме на церемонијата на градските гробишта, и мислам дека е многу важно што вашата телевизија денеска ќе емитува филм за холокаустот. Нашиот експерт Гидон Грев ќе дојде од Израел да зборува за тоа. Значајно е луѓето, особено младите, да ги научат лекциите што се случило за време на холокаустот, за да се третираат сите луѓе еднакво, да нема воопшто антисемитизам, расизам спрема кој било народ“, изјави за МРТ израелскиот дипломат Даниел Мерон.
