Името повторно ја стави во сенка расправата за напредокот на Македонија во ЕП
Името Македонија повторно ја стави во сенка суштинската расправа за напредокот на Република Македонија во ЕП, гласањето на резолуцијата треба да дојде во секој момент во Стразбур...

Најголемиот број од европратениците, ако се изземат тие кои доаѓаа од Грција, се изјаснија дека е потребно да се изгласа денес резолуцијата предложена од Иво Вајгл, залагајќи се уште еднаш, по деветти пат, да препорачаат почеток на преговори за членството на Македонија во Европската Унија.
Грчките европратеници не ја криеа иритираноста од користењето на името Македонија, од страна на известувачот Иво Вајгл, како и на другите и посебнохрватските европратеници. Ставајќи ја на еден начин во втор план расправата за напредокот на земјата, на што хрватскиот европратеник Андреј Пленковиќ, прозван од грчките колеги одговори:
„Почитуван колега како и сите овде што ја споменавме Македонија како држава на начинот на кој вас не ви одгвоара, тоа не значи дека не ја почитуваме длабоко Грција, како земја, култура и цивилизација, напротив. Но, треба исто така да водите сметка да дека во ЕУ има држави кои ја признаа Македонија под нејзиното уставно. Тоа за нас е единствената и главна рамка за комуникација, немојте да се навредите, тоа како државјанин и пратеник од Хрватска целосно ќе го почитувам“, рече Пленковиќ
Комесарот за проширување Јоханес Хан од своја страна пред ЕП исто како и Занда Kалнина –Лукашевица во името на претседателството со ЕУ, инсистираа на потребата од конструктивен инклузивен политички дијалог, барајќи и од владата и од опозицијата да покажат политичка одговорност и да влезат во политички дијалог за да ги решат отворените прашања и за да ги оставарат потребните реформи за евроинтеграцијата.
„Ние сметаме на поддршката на Европскиот парламент за да им упатиме повик на сите лидери од Македонија за да преземат мерки и акции за да се решат проблемите“, изјави Занда Kалнина –Лукашевица во името на претседателството со ЕУ, инаку државен секретар на Латвија за европски работи.
Во однос на датумот за преговори, претседатлетвото на Советот беше јасно.
„Советот ќе се наврати на ова прашње подоцна врз основа на информацијата на Комисијата за спроведувањето на реформите, во кои се подразбира и дијалогот на високо ниво и промовирање на доброседскоите односи и преговорите за взаемно прифатливо решение за името“, рече Kалнина –Лукашевица.
На Резолицијата за која се галса во моментов предложени се 9 амандмани.
Тони Гламчевски, допсиник од Франција за МРТ
