Фудбал – Лига на шампиони

Фудбалска трагедија на Бернабеу!

11.03.2015 13:37

„Бевме неверојатни, но чувството е необично, разочаран сум“, изјави гостинскиот стратег Ди Матео кој сепак причината што Шалке не мина во четвртфиналето ја гледа во Кристијано Роналдо, а не во поразот дома од 2:0. Со двата гола и вкупно 78, светскиот фудбалер број еден стана најдобар стрелец во историјата на европските купови пред Раул со 77 и Меси со 76.

Да се постигнат четири гола на Сантијаго Бернабеу, да се победи Реал во Мадрид, а сепак осминафинлето да заврши со неуспех, е тоа е вистинска фудбалска трагедија. И без половина прв тим, Шалке беше германско храбар и упорен, немаше респект кон европскиот шампион, па заслужи повеќе од триумф од 4:3 којшто во некоја друга ситуација ќе беше исклучително вреден.

„Бевме неверојатни, но чувството е необично, разочаран сум“, изјави гостинскиот стратег Ди Матео кој сепак причината што Шалке не мина во четвртфиналето ја гледа во Кристијано Роналдо, а не во поразот дома од 2:0. Со двата гола и вкупно 78, светскиот фудбалер број еден стана најдобар стрелец во историјата на европските купови пред Раул со 77 и Меси со 76.  

Навикнати на добра игра и резултати, иако Реал ја продолжи одбраната на титулата, неговите навивачи сметаат дека кралскиот клуб го допрел дното и со свирежи и погрдни зборови ги испратија фудбалерите. И покрај лошата ситуација, Анчелоти ги прифаќа критиките, но вели дека е тоа само моментална криза и нема намера да даде оставка на тренерската позиција затоа што верува во овој Реал којшто на почетокот на сезоната имаше серија од 22 победи.

А сега само Челси и Порто се тимовите без пораз во Лигата на шампионите. По шампионската 2004-та, Порто вторпат е меѓу осумте најдобри, но и без првиот стрелец Џексон Мартинез беше импресивен против Базел, 4:0 за вкупни 5:1. Оттаму разбирливо е задоволството на Шпанецот на клупата на Порто, Лопатеги, но и пофалбите од поразената страна и тоа од португалскиот стручњак на Базел, Соуса.