ИД објави ново видео - дете обезглавува маж

11.03.2015 14:14

Палестинецот Мухамед Мусалем, бил егзекутиран под обвинение за шпионажа...

Џихадистите од Исламска држава објавија ново видео на кое се гледа како дете обезглавува маж. Палестинецот Мухамед Мусалем, бил егзекутиран под обвинение за шпионажа.

Според екстремистите Мохамед дошол во редовите на Исламска држава за да добие информации како функционира организацијата, и потоа да ги пренесе на Израелски Мосад.

Во меѓувреме жестоки  напади со автомобили-бомби  на екстремистите во ирачкиот град Рамади, при што 10 луѓе загинале, а триесетина се ранети.