МВР пресече синџир на трговија со дрога, запленето големо количество марихуана
Запленетата марихуана при продажба на нарко пазарот во Швајцарија би достигнала цена приближно 600 илјади евра...

Полицијата заплени речиси 150 килограми марихуана. Во голема акција прекина синџир на трговија со дрога. Се превезувала во комби, а била наменета за малопродажба. Марихуаната од Албанија преку Македонија требало да заврши на пазарот во Швајцарија.
Запленетата марихуана при продажба на нарко пазарот во Швајцарија би достигнала цена приближно 600 илјади евра. Истовремено запленети се и околу 700 грама непозната прашкасата материја која служи за мешање со хероин.
Во акцијата полицијата во скопско Ченто и во село Арачиново, вчера попладнето привела четири лица, македонски државјани, а по едно се трага.
Како што соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, според досегашните сознанија, две од лицата се дел од поголема криминална група инволвирани во извршување активности од областа на недозовлена трговија на марихуана и хероин.
До Основното Јавно обивнителство за гонење организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава за 6 лица од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
