Случај „Пуч“: Заев даде исказ во Јавното обвинителство
11.03.2015 14:51
Поради тајност на постапката, Заев не коментираше што разговарал со јавниот обвинител...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев даде исказ во јавното обвинителство за случајот „Пуч“ во кој е осомничен за вршење насилство врз највисоките државни органи.
Поради тајност на постапката, Заев не коментираше што разговарал со јавниот обвинител.
„Секако дека нема да го користам правото на молчење, ќе дадам исказ во соодветен дел од постапката, а нема да коментирам што денеска се случило заради почит на самата постапка“, изјави Заев.
Рече дека се надева на постапка која ќе биде во согласност со Уставот и законите.
Анита Димитријевска
