Средба Груевски- Столтенберг: Македонија важен парнер на Алијансата
Имаме заедничка Евро-атланска визија, напредокот и реформите зависат од демократскиот дијалог- порака од Јанс Столтенберг, генерален секртар на НАТО по средбата со премиерот Никола Груевски...

Македонија е важен партнер на Алијансата. Имаме заедничка Евро-атланска визија, напредокот и реформите зависат од демократскиот дијалог- порака од Јанс Столтенберг, генерален секртар на НАТО по средбата со премиерот Никола Груевски.
„Ви благодарам за вашето учество во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан и за вашата поддршка на КФОР во Косово со комуникациски врски. Вашата нација е обезбедувач на безбедноста. Апелираме на взаемно прифатливо решение кое мора да биде постигнато, пред поранешната југословенска Република Македонија да пристапи во НАТО. Силно ги повикуваме двете страни да се интензивираат напорите, да се затвори тоа прашање. Како што знаете, НАТО е организацја која функционира на база на консензус и потребно е согласност од сите 28 членки за да можеме да ја донесеме одлуката“, изјкави генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.
Премиерот Груевски истакна дека членството во НАТО и понатаму останута цврста определба за Македонија и за Алијансата, и во тој контекст на средбата посебно била истакната важноста од одржување во живот на политиката на отворени врати на НАТО.
Груевски додаде дека дијалогот ќе продолжи и во иднина. Македонија е активен учесник во мисиите на НАТО, партиципира како да е членка на НАТО, но за жал сеуште ги нема привилегиите и бенефициие од тоа.
