Меркел одбила да учествува на прославата на 9 Мај во Москва
11.03.2015 15:20
Поради случувањата во Украина Меркел не може да учествува на традиционалната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, изјавил претставник на германската влада во Берлин...

Германската канцеларка Ангела Меркел нема да учествува на официјалната церемонија по повод 70-годишницата на завршувањето на Втората светска војна во Москва, поради напнатоста во Украина, изјавиле претставници на германската влада.
Поради случувањата во Украина Меркел не може да учествува на традиционалната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, изјавил претставник на германската влада во Берлин. Меѓутоа, ден потоа ќе положи цвеќиња на Споменикот на незнајниот јунак во Москва.
На парадата во Москва не се очекуваат ниту поголем број претставници од западните држави, а Русија во минатиот месец потврди дека ќе присуствува и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун.
