Детален преглед на медицинските материјали преку нов ситем за материјално работење
Се стега ременот. Здравствените власти ќе ги следат и евидентираат сите потрошени медицински материјали за лекување на пациентите. Новиот систем треба да донесе порационално трошење на ресурите и поголеми заштеди...

Точно ќе се знае кај кој пациент е употребена одредена ампула, лек, инфузија, игла, завој. Со тоа ќе се има детален увид во потрошените медицински материјали во установите преку ситемот за материјално работење дел од проектот „Мој Термин“. Ќе се анализираат и залихите за да се спречи недостаток на лекови и други средства.
„Ова значи многу побрзо пресметување на партиципацијата, детален преглед за тоа што е потрошено, детален преглед на залихите, навремено управување со залихите, односно неправење на огромни залихи или снемување на определени потребни средства во здравствениот сектор“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Ситемот ќе овозможи зголемување на заштедите кои може да се пренаменат за нови инвестиции во здравствениот систем. Проектот е во пилот фаза во неколку јавни здравстевни установи, а од наредниот месец ќе биде воведен во сите амбуланти и болници во земјава.
Андријана Атанасовска
