Законот за вработување лица со инвалидност ќе го подобри животот на оваа категорија луѓе

11.03.2015 16:53

Лицата со инвалодност секојдневно се соочуваат со бариери, но сметаат дека можат да се докажат на пазарот на трудот. Бараат функционална регулатива за да бидат заштитени на работното место...

Носењто на законот кој е во фаза на подготовка треба конечно да ги сруши бариерите на јавното мислење дека оваа категорија на луѓе се неспособни за работа, вели Христина Проскоска, која боледува од мултиплекс склероза. Повеќе години својот креативен дух го покажува преку рачна изработка на накит. Убедена е дека и овие луѓе можат да бидат дел од македонска економија.

„Можеби физичката активност им е намалена или со попреченост но тоа не значи дека тие не можи да дејствуваат во други свери затоа државата треба да им даде шанса“, вели Христина Проскоска.

Наметнатите бариери се чувствуваат одамна, вели Мирко Костовски. Работниот век го помина на планинарсиот дом „Копанки“ благодарение на планинарската пасија.

„Години барав работа без успех. Благодарение на планинарите кои ја забележаа мојата трудољубивост, иако бев само со една рака, се вработив во планинарскиот дом и тука го поминав работниот век“, вели Мирко Костовски.

Првите луѓе на овие здружение велат дека само добра имплементација на законот и стеснување на кругот на евентуални правни дупки ќе се затвори можноста за манипулација на работодавачите.

„Само со добра подготовака можат да се избегнаат манипулациите на некои работодавачи, а законот да има добра имплементација“, изјави претседателот на „Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков.

„Според овој закон фирмите кој имаат над 35 вработени ќе треба да вработат еден инвалид, но тоа не трба да биде пречка и за помалите компании“, смета председателот на „Мобилност Македонија“, Бранимир Јовановски.

Според статистиката на светско ниво од 10-15 проценти од луѓето се со некаков инвалидитет. Во Македонија во Агенците за вработување регистрирани се околу 1.500 лица со инвалидитет кои активно бараат вработување.

 

Стевче Митревски