Децата без родители против политички интриги

11.03.2015 17:23

Децата без родителска грижа се навредени од вчерашниот обид на опозицискиот лидер да ги внесе во политичка битка. Според нив, Заев никогаш претходно не ги споменувал, ниту се грижел за децата од оваа категорија, а сега сака да ќари политички поени на нивни грб...

„Не сум имал притисок од никого, само се оствари мојот 10 годишен сон, конечно да сум на свои нозе“, вели за МТВ Драган Костовски, кој на 14 години останал без родителска грижа. Раскажува за својот живот во кој постојано недостасувала  родителската поддршка. Студиите ги завршил со просек 9. Аплицирал постојано, но секаде наидувал на затворена врата. Дури бил принуден на работа во странство. Се пријавил на огласот за државна работа за деца без родителска грижа и конечно добил вработување. Костовски вели дека се чувствува навредено од политичарите  кои вчера  погрешно ги перцепирале вработувањата на оваа категорија луѓе.

„Јас мислам дека конкретната лица вчера погрешно ја видуваат целата ситуација и ја користат во нивни прилог. Оние се тие кој ја оцрнуваат целата ситуација. Убав моменти за 30 лица е сега што добивме решение во прграмата Д- 10, тоа е еден прекрасен момент во нашиот живот“, вели Костовски.

Згрозеност од обидот за вовлекување на децата без родители и родителска грижа во дневно политичка пресметка, и од нив да се добиваат било какви политички поени изрази здружението „Градиме иднина“. Претседателот на Јовановиќ ги осуди, како што рече ваквите валкани игри на СДСМ и тврди дека како здружение кое е секојдневно со децата без родители никогаш не биле вклучени во било какви нерегуларни изборни процеси, како што било прикажано од страна на СДСМ.  

Тие сакаат да ги градат поените врз судбините на овие деца и тоа е за секој осуда. Таа манипулација е нечовечна, неморална и неетичка. Децта без родители се луѓе со чест и чист образ, не ја валкајте нивната чест. Здружението „Градиме иднина“ и јас како негов претседател како досега така и во иднина ќе се бориме за правата на децата без родители“, вели Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме иднина“.

„Можеби сме деца без родители, но сме деца со чест и со достоинство“ напишал на својот Фејсбук профил момче кое е без родителска грижа.Го прашува опозицискиот лидер со кое право обвинувал дека некој ги злоупотребувал децата без родителска грижа.

 

Наташа Гркова- Петрушевска