Хан: Македонија нема време за губење
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го коментираше случајот „Пуч“...

Синоќа за време на дебатата во Европскиот парлемент, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, рече дека македонските политичари немаат време за губење. Го коментираше случајот „Пуч“.
„Им кажав и на политичкото раководство и на опозицијата да се ангажираат во конструктивен дијалог во Собранието и да се насочат кон стратегиските цели за земјата и граѓаните. Немаат време за губење. Исто така, подвлеков дека истрагите треба да бидат спроведени од соодветните власти значи од правосудниот систем, на јавен начин, тотално независно и што побрзо, со целосно почитување на постапката и принципот на пресумпција на невиност. Во тој контекст ја поздравувам секоја иницијатива од Европските партии или пратеници за надминување на состојбата. Европската комисија ќе работи заедно со европратениците“, изјави еврокомесарот Хан.
