Платите на административците за четири години ќе пораснат за 21,5%

11.03.2015 18:12

Целта е примањата да го следат растот на трошоците за живот, да се подобри животниот стандард на вработените во државната служба, да се зголеми нивната професионалност и мотивираност за работа...

За четири години платите на административците ќе се зголемат за 21,5 проценти, согласно со годишните корекции. Целта е примањата да го следат растот на трошоците за живот, да се подобри животниот стандард на вработените во државната служба, да се зголеми нивната професионалност и мотивираност за работа.

Последното зголемување на платите од 5 проценти беше во октомври, а пресметките покажуваат дека во последниве 8 години, платите на административците се зголемиле за вкупно 27 проценти.