МРТ и БАККО ќе потпишат договор за реемитување

12.03.2015 09:08

Македонската радио телевизија и Бугарската асоцијација на кабелски и комуникациски оператори денеска ќе потпишат договор со кој ќе стартува реемитувањето на програмата на македонскиот јавен сервис на територијата на Бугарија...

Македонската радио телевизија станува дел од понудата на бугарските кабелски оператори. Во Софија националниот јавен сервис ќе потпише договор со Бугарската агенција за кабелски и комуникациски оператори (БАККО) за реемитување на програмата.

Иницијативата е на Македонско- бугарската стопанска комора.

Од декември минатата година за гледачите во Македонија е достапна програмата на Бугарската национална телевизија.