Скандал со обвинет индиски дипломат во САД

09.01.2014 23:56

Индиски дипломат обвинет за овозможување лажна виза, но и за неточни изјави мораше да ги напушти Соединетите Американски Држави, јавува Вашингтон Пост. И покрај дипломатскиот имунитет, Девјани Кобрагаде,  заменик конзул на Индија, е обвинета од федералната порота во Менхетен за помагање при издавање на лажна работна виза за нејзината домаќинка во Њујорк. Според обвинението индискиот дипломат дала повеќе лажни детали пред американските власти за да обезбеди виза за нејзината лична домаќинка.

Индиски дипломат обвинет за овозможување лажна виза, но и за неточни изјави мораше да ги напушти Соединетите Американски Држави, јавува Вашингтон Пост. И покрај дипломатскиот имунитет, Девјани Кобрагаде,  заменик конзул на Индија, е обвинета од федералната порота во Менхетен за помагање при издавање на лажна работна виза за нејзината домаќинка во Њујорк. Според обвинението индискиот дипломат дала повеќе лажни детали пред американските власти за да обезбеди виза за нејзината лична домаќинка. Заменикот конзул наводно и плаќала четири илјади и петстотини долари месечна плата, но била пријавена откако било утврдено дека станува збор за далеку помала сума. По ова, заменикот конзул на Индија била приведена од њујоршката полиција и пуштена од затвор со кауција од 250 илјади долари. Индискиот дипломат ги напушти САД в четврток, пред  да почне судскиот процес.