Креативните мисли- инспирација за самодоверба
Низа креативни мисли за поттикнување на инспирацијата и стимулација на учениците секој работен ден. Делото е на бибиотекарската секција и нивните одговорни професори во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица...

„Ако си тргнал кон целта и патем застануваш за да го гаѓаш со камења секој пес кој лае по тебе, никогаш нема да стигнеш до целта“. Оваа мисла на Достоевски и уште мудрости на познати писатели и филозофи осамнаа на ѕидовите на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица.
Низа креативни мисли за поттикнување на инспирацијата и стимулација на учениците секој работен ден. Делото е на бибиотекарската секција и нивните одговорни професори.
„Од страниците на книгите на познати писатели, мислеители и филозофи беа ископани тие инспиративни мисли кои учениците ги ставија на ѕидовите. ги има познатите мисли и циттати од Аристотел, Сократ, Пушкин, мотивирачките пораки од сега актуелните автори кои негуваат позитивистичка филозофијам“, објаснува проф. Софија Тренчовска.
Од постојаните анализи и следењето на успехот на учениците, токму мотивацијата и навиките за учење се клучот за одлични резултати.
„Имаат за цел да ја поттикнат креативната мисла, да ги негуваат меќучовечките и другарските односи, да ја изградат својата лична самодоверба“, вели проф. Тренчовска.
Бисертите на мудроста знаат да бидат водилка во животот на младите кога ги поставуваат темелите на нивното понатамошно општествено битисување. Затоа професорите сакаат на овој начин да им ги зацврстат знаењата за живот и вештините како да ја надминат секоја ситуација до крајната цел, успехот.
Катерина Давчева
