Фудбал

Лигата на шампионите, инспирација за Лигата на Европа

12.03.2015 12:51

Двојките од 1/8 финалето се новиот предизвик за љубителите на фудбалот. Најсилен е италијанскиот печат. Од 16-те клупски амблеми дури пет се италијански...

Може ли раскошните фудбалски претстави од Мадрид и  Лондон во Лигата на шампионите свое продолжение да имаат вечер во Лигата на Европа? Двојките од 1/8 финалето се новиот  предизвик за љубителите на фудбалот. Најсилен е италијанскиот печат. Од 16-те клупски амблеми дури пет се италијански! Русија, Украина и Шпанија котираат добро со по два претставника...Како и да е, следат осум дуели сите привлечни на свој начин,поделени во две натпреварувачки сеанси. Надигрувањето започнува во 18 часот од  крајниот европски север. Во Санкт Петербург ќе истрчаат рускиот Зенит и италијанскиот Торино. Еден час подоцна во битка ќе влезат: Бриж и Бешикташ, Дњипро и Ајакс и фудбалерите на Волфзбург и Интер, чиј двобој привлекува најголемо внимание.

Во терминот од 21 часот ќе уследи новата фудбалска спектакуларност со две „еднонационални“ пресметки и со императивот на Евертон...Имено, „сините“ од Ливерпул останаа осамени во бранењето на честа на англискиот фудбал во Лигата на Европа, а тоа нема да биде нималку лесно против традиционално квалитетниот и секогаш незгоден состав на Динамо од Киев. Фиренца не е далеку од Рим, па интерсна, колоритна и зачинета со силен навивачки набој ќе биде италијанската фудбалка вечер на „Артемио Франки“ меѓу Фиорентина и Рома. И Шпанија е во слично исчекување на „свој против свој“.Вилјареал против  Севилја! Жрепката  сакаше по 1/8 финалето шпанскиот фудбал да остане со само еден претставник во Лигата на Европа. Двата состави имаат многу меѓусебни пресметни, но првпат се очи в очи на европскиот полигон. Кој од двата тима, кои високо котираат во „Примера“, ја има фаворитската улога? Можеби за нијанса Севилја, која го брани приматот  во ова натпреварување. Искуството на Андалужаните од минатото, особено од лани кога на патот кон титулата и се испречија  и Валенсија и Бетис, за во финалето да слави протв Бенфика. Доволно елементи изборот за пренос на МТВ да биде од „Естадио Ел Мадригал“ во Вилјареал.

 

Лига на Европа-1/8 финале:

Зенит-Торино   18.00 часот

Бриж-Бешикташ 19.00

Дњипро-Ајакс

Волфсбург-Интер

Евертон-Динамо Киев  21.05

Фиорентина-Рома

Наполи-Динамо Москва

Вилјареал-Севилја  -пренос МТВ