Земјоделските задруги ги прошируваат своите дејности

12.03.2015 12:55

Со новите измени на законот ќе им се овозможи користење и на системите за наводнување...

Земјоделските задруги во моментов неможат да ги користат системите за наводнување.

Со измените на законот, освен примарното земјоделско производство, преработките и трговијата ќе можат да вршат и услуги за наводнување на обработливите површини.

Претходно ќе склучуваат договор со надлежниот водостопански субјект.

Деталите за вршење на оваа дејност ќе се знаат шест месеци по стапувањето на законот во сила.

 

Методија Трајков