Петерле: ЕУ да почне преговори со Македонија
12.03.2015 13:01
Порачал дека во спротивно Унијата ќе ја загуби веродостојноста и оти е од суштинско значење преговорите да почнат што е можно поскоро...

Словенечкиот европарламентарец Алојз Петерле ја поздрави одлуката на Европскиот парламент по деветти пат да побара неодложно отворање на преговорите за членство со Македонија.
Порачал дека во спротивно Унијата ќе ја загуби веродостојноста и оти е од суштинско значење преговорите да почнат што е можно поскоро.
„Спорот меѓу владата и главната опозициска партија е штетен за функционирањето на демократијата и има негативно влијание врз процесот на пристапување кон ЕУ и општата состојба на земјата“, оцени Петерле.
