Хрватите подоцна во пензија
Хрватските власти убедуваат дека пензискиот систем во земјата е одржлив и стабилен. Со просечен раст на економијата од 1,5 % годишно во наредните децении државата ќе биде во состојба да ги исплатува месечните примања на повеќе од милион и 200 илјади пензионери...

Хрватите ќе одат во пензија на 67 годишна возраст. Европската комисија ја принуди Хватска десет години порано од најавеното да ја крене старосната граница за пензионирање. Наместо во 2031-ва , со навршени 67 години ќе се оди во пензија во 2021-ва.
Хрватските власти убедуваат дека пензискиот систем во земјата е одржлив и стабилен. Со просечен раст на економијата од 1,5 % годишно во наредните децении државата ќе биде во состојба да ги исплатува месечните примања на повеќе од милион и 200 илјади пензионери.
Владата не размислува за замрзнување на уплатите во вториот пензиски столб или пак за префрлање на средствата во првиот, нагласил министерот за труд и за пензиски систем Мирандо Мрсиќ.
Според него бројот на предвремени пензионирања поради преструктурирања на компаниите се намалува, а охрабрува намалувањето на стапката на невработени млади лица за десет процентни поени, преку мерките од „Гарантниот фонд за млади“.
Свето Николовски
