УЈП: Дневно се поднесуваат по 40.000 даночни пријави
12.03.2015 13:09
Заклучно до вчера биле поднесени вкупно 283.338 пријави. Од нив преку е-даноци биле доставени 1.451...

Расте бројот на граѓани кои поднесуваат годишни даночни пријави во Управата за јавни приходи. Во просек се поднесуваат по 40 илјади пријави дневно, односно заклучно до вчера биле поднесени вкупно 283.338 пријави. Од нив преку е-даноци биле доставени 1.451.
Во сабота регионалните дирекции и даночните одделенија ќе работат до 14 часот, а Контакт центарот во Скопје од 9 до 20. Бидејќи законскиот рок за даночните обврзници истекува во неработен ден, недела 15-ти март, годишни даночни пријави ќе се примаат и во понеделник, велат за МРТ од Управата за јавни приходи.
Свето Николовски
