Иванов ќе го свика Советот за безбедност кога ќе ги добие сите информации од надлежните

12.03.2015 13:12

Шефот на државата констатира дека во последниот период имало многу шпекулации и дезинформации поврзани со функционирањето и поставеноста на системот за национална безбедност, вклучително и за улогата на Советот за безбедност...

Советот за безбедност не е е ниту Собраниска комисија, ниту Јавно обвинителство. Седница на Советот ќе свикам кога ќе добијам збирни податоци и информации од надлежните институции, вели за „Макфакс“ претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Шефот на државата констатира дека во последниот период имало многу шпекулации и дезинформации поврзани со функционирањето и поставеноста на системот за национална безбедност, вклучително и за улогата на Советот за безбедност.

Она што јавноста треба да го знае е дека системот за национална безбедност и неговите субјекти функционираат согласно надлежност утврдена во Уставот и законите, по претходно донесена национална концепција за безбедност и одбрана, вели Иванов.