Оер: Ситуацијата загрижува, да не се запостават и другите проблеми
12.03.2015 13:19
Сите политички субјекти треба да работат за заедничкиот интерес...

Иако политичката ситуација во Македонија загрижува, тоа не треба да биде пречка државните институции и граѓаните да ги третираат вистинските проблеми, оценува француската амбасадорка во државава, Лоренс Оер. Сите политички субјекти треба да работат за заедничкиот интерес.
„Не велам дека политичката ситуација не е вистински проблем, меѓутоа постојат и други работи коишто се однесуваат на иднината, а една од нив е и животната средина“, изјави француската амбасадорка.
Таа додаде дека македонската држава и политичките партии се одвоени. Овде сме задолжени да работиме за заедничкото добро, односно генералниот интерес, нагласи Оер.
