Со која агенда ќе се занимава НАТО?
Сојузниците се уште се поделени дали на претстојниот самит ќе има расправа за идното проширување на НАТО, изјави норвешката министерка за одбрана Ериксен Сореиде за Македонската Телевизија во Вашингтон. Го знам случајот на Македонија и се надевам дека доколку овој самит не биде самит за проширување, тогаш барем дека наредниот ќе биде посветен на прием на нови земји членки, истакна норвешката министерка за одбрана.

„Партнерите се дел од операциите. Во Авганистан се рамо до рамо со силите на НАТО. Заедно сме во исти кампови, заедно дејствуваме и постигнавме голема интероперативност“ рече норвешката министерка за МРТ во влавниот американски град.
На самитот на НАТО во Кардиф, Велика Британија во септември ќе биде посветен на проблемите со кои се соочува Алијансата. Европските сојузници се плашат дека САД ќе се повлекуваат од заедничките операции во иднина бидејќи воените буџети на европските сојузници се далеку помали од американскиот. Ова може да ја доведе во прашање и целата стратегија и концепт на колективна одбрана како основа на постоењето на Алијансата.
Доколку НАТО не го потпише СОФА договорот (за распоредување на трупи на странска територија) со авганистанските власти, тогаш и натаму доминантна тема на претстојниот самит во септември ќе биде Авганистан.
Ирина Гелевска постојан дописник на МРТ од Вашингтон
Снимател: Ристо Мишев