Мобилна апликација за Шар Планина за развој на туризмот
12.03.2015 13:47
Наменета е за планинарите, рекреативците и туристите, а ја промовираат планинарскиот клуб „Љуботен“ и македонското Еколошко друштво од Скопје...

Со мобилна апликација ќе се развива туризмот на Шар Планина. Наменета е за планинарите, рекреативците и туристите, а ја промовираат планинарскиот клуб „Љуботен“ и македонското Еколошко друштво од Скопје.
Мобилната апликација, која е прва од ваков тип во Македонија, овозможува информации за Шар Планина, мапа на која што се исцртани планинарските патеки, најзначајните точки, врвовите, езерата, планинарски домови и местата за кампување.
