Бројот на патници на македонските аеродроми зголемен за 31,7%
Во јануари и февруари од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 171.510 патници...

Во првите два месеци од годинава, на двата аеродроми во Република Македонија забележано е зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период минатата година, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.
Во јануари и февруари од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 171.510 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 130.264 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници од 31,7 %.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во јануари и февруари 2015 година се регистрирани вкупно 168.418 превезени патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезесни 127.696 патници, се забележува зголемување од 31,9 %.
На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари- февруари 2015 година, се превезени 3.092 патници, што во споредба со истиот период од 2014 година кога биле превезени 2.568 патници, се бележи зголемување од 20,4%.
Најзастапени дестинации според бројот на патници во истиот период се: Истанбул 15 %, Цирих 8,6%, Базел 6,4%, Виена 6,3%, Малме 6%, Лондон со 5,5% и Минхен 4,9%.
