Груевски: Стапката на невработеност континуирано се намалува
Намалувањето на стапката на невработеност е резултат на сите чекори досега што ги направи Владата, пред се во делот на креирање на добра бизнис клима за компаниите, и домашните и странските, за да сакаат да инвестираат...

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност изнесува 27,6%. Во четвртото тримесечје од 2014-та година активно население во Република Македонија било 961.416 лица, од кои вработени се нешто над 696 илјади, а невработени 265.370 лица. Стапката на активност во овој период е 57,4%, а стапката на вработеност 41,%.
„Трендот е јасен. Невработеноста континуирано, не инцидентно се намалува, што е резултат на сите чекори досега што ги направивме како Влада, пред се во делот на креирање на добра бизнис клима за компаниите, и домашните и странските, за да сакаат да инвестираат“, изјави премиерот Никола Груевски.
Премиерот Груевски нагласи дека освен креирањето на добра бизнис клима, за намалување на стапката на невработеност придонесе и давањето на соодветна понуда на компаниите однадвор, во смисла на правање на роуд шоуа, пристап до големите компании, до нивните претседатели, ангажман на министрите без ресор кои се задолжени за привлекување на инвестиции, ангажман на Агенцијата за привлекување инвестиции и на промоторите кои се испратени во странство, ангажман на сите други министри во еден вид на сервис на компаниите, се со цел да бидат задоволни од нивното работење тука, и на некој начин да се охрабрат за некоја наредна инвестиција и да не препорачаат како држава на други компании кои размисуваат да инвестираат.
