Ристовски: Математиката ќе биде на основно ниво, матурантите немаат потреба од страв

12.03.2015 15:43

Во голем број европски земји освен во гимназиите, математиката е задолжителна и во средните стручни училишта...

Заменик- министерот за образование Спиро Ристовски вели дека не треба да постојат страв и загриженост кај матурантите затоа што од нив ќе се бара да имаат основно познавање на математиката која од годинава ќе биде задолжителен предмет во државната матура.

„Јас ја разбирам загриженоста и вознемиреноста на учениците, меѓутоа би сакал да апелирам до нив и да укажам на тоа дека станува збор за основно ниво на математика. Не треба да постои каков било страв кај нив од аспект на тоа дали и како ќе успеат да ја совладаат материјата, затоа што јас верувам во нивниот капацитет“, истакна Ристовски.

Во голем број европски земји освен во гимназиите, математиката е задолжителна и во средните стручни училишта.

Средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ бараат укинување на оваа новина.