ММФ го поддржа новиот план за помош на Украина

12.03.2015 15:45

Од ММФ доби зелено светло за првиот износ од 5 милијарди долари...

Меѓународниот монетарен фонд ја  одбри новата програма за помош од 17,5 милијарди долари за Украина која што е финансиски ослабната по судирите на истокот од земјата. Од ММФ доби зелено светло за првиот износ од 5 милијарди долари.

Другите средства  треба да им бидат исплатени во текот на наредните 4 години под услов властите да преземат драстични реформи што ги бара ММФ.

Пред финансиското издишување, украинската влада веќе покажала добра воља со гестот на трикратно зголемување на цената на гасот за домаќинствата и  за 70% поскапо греење. Украинската власт и натаму покажува дека им дава предност на реформите, изјави директорката на ММФ, Кристин Лагард.