Цените на недвижностите- електронски достапни до граѓаните и фирмите
12.03.2015 16:07
Заинтересираните ќе имаат увид како котираат цените на куќи и станови како на ново на град, така и на одделни населби. Ова ќе се овозможи преку новиот проект за Регистар на цени кој го промовираше Катастерот на недвижности...

Цените на недвижностите отсега ќе бидат електронски достапни до граѓаните и фирмите. Заинтересираните ќе имаат увид како котираат цените на куќи и станови како на ново на град, така и на одделни населби. Ова ќе се овозможи преку новиот проект за Регистар на цени кој го промовираше Катастерот на недвижности.
Со него ќе се помогне и за реално прибирање на данок за општините, но и за прецизна статистика. Проектот се имплементира по примерот на развиените држави, каде што веќе дал позитивни резултати.
