Кошарка – НБА

Атланта загуби во Денвер!

12.03.2015 16:19

Перо Антиќ ги реализираше сите шест слободни фрлање, собра три скока, но ги промаши петте шута од игра...

Атланта полека ја губи трката со Голден Стејт за најдобрата НБА плеј – оф позиција. Хоукс се поразени кај 12-от во западната конференција, Денвер којшто нема шанси за доигрувањето со 115:102. Перо Антиќ ги реализираше сите шест слободни фрлање, собра три скока, но ги промаши петте шута од игра.

Голден Стејт ја оствари 51-та победа и има една повеќе од Атланта со два пораза помалку. Вориорс славеа дома против Детроит со 105:98.

Во другите натпревари: Портланд - Хјустон 105:100, Феникс - Минесота 106:97, Бостон - Мемфис 95:92, Мајами - Бруклин 104:98, Оклахома - Клиперс 108:120, Милвоки - Орландо 97:91, Шарлот - Сакраменто 106:113 и Филаделфија - Чикаго 95:104 по продолжение.