ФИФА ранг листа
Македонија 108-ма!
12.03.2015 16:20
Од противниците во квалификациите за Европското првенство само Луксембург е зад Македонија - 136-ти, нашиот следен противник Белорусија е 98-ма, Словачка 22-ра, Украина 31-ва, а Шпанија веќе не е во Топ 10 и е единасета...

Четирите месеци без натпревар придонесоа македонската фудбалска репрезентација да падне пет места и тоа на 108-то на ФИФА ранг листата.
Од противниците во квалификациите за Европското првенство само Луксембург е зад Македонија - 136-ти, нашиот следен противник Белорусија е 98-ма, Словачка 22-ра, Украина 31-ва, а Шпанија веќе не е во Топ 10 и е единасета. На нејзино место е Италија.
Најдобрата светска тројка ја предводи Германија пред Аргентина и Колумбија.
