Фокусот на евроинтеграциите да не се занемари поради актуелната состојба
Фокусот на евроинтеграциите не смее да биде занемарен поради актуелната политичка состојба на земјата. Ваква порака испрати вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими на денешната седница на Националниот совет. Усогласувањето на домашното со европското законодавство и понатаму продолжува...

Правната, економската и административната реформа се трите приоритетни столба кон усогласување на домашното со европското законодавство, порака од вицепремиерот Бесими на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.
Пратеникот Димовски побара напредокот на Македонија да го согледаат амбасадорите и европската заедница, а за македонските граѓани да се имаат правата што ги имаат и другите народи. Спорот со името е билатерален и не треба да биде пречка за почеток на преговорите, рече Димовски.
Спорот со Грција да не биде во фокусот, побара и пратеничката Грчева. Оцени дека земјата е во длабока политичка криза и побара отпочнување на преговорите.
Како услов за влез во ЕУ неопходно е усогласување на домашното со европското законодавство. За таа цел годинава, како што рече Бесими, предвидени се крупни реформи по однос на сите слаби точки детектирани од Унијата.
Анита Димитријевска
