Ракомет

Се разгорува битката за плеј-офот

13.03.2015 08:40

Засега,по 15 одиграни кола Зомимак е неприкосновен на врвот со 45 бодови,го следи Маталург 2 со 30, Прилеп има 28,Радовиш и Пелистер со по 27 се во битка за 4-тото место,последно што води во плеј-офот...

Три кола остануваат до крајот на регуларниот дел во натпреварите од машката ракометна супер лига пред стартот на плеј-офот и битката за титулата во која на најдобропласираните 4 тимови  ќе им се придружат и екипите на Вардар и Металург.

Засега,по 15 одиграни кола Зомимак е неприкосновен на врвот со 45 бодови,го следи Маталург 2 со 30, Прилеп има 28,Радовиш и Пелистер со по 27 се во битка за 4-тото место,последно што води во плеј-офот,иако со шанси е и Пролет со 24,додека Охрид по поразот токму од Пролет со 20 бодови на 7-та позиција речиси ги загуби шансите,кои од поодамна не постојат за Работнички,Преспа и Текстилец.

16-тото првенствено коло денеска ќе го отворат екипите на Охрид и Пелистер.На битолчани им е неопходна победа во салата Билјанини извори,но домаќините пред својата публика најавуваат победа за потврда дека не слуучајно втора сезона се дел од најдобрите во македонскиот ракомет.Дербито е утре меѓу водечките Металург 2 и Зомимак,додека Преспа и Прилеп се фаворити во домашните натпревари против Радовиш и Текстилец.Колото ќе се комплетира в недела со дуелот Работнички –Пролет,а од домашната ракометна понуда која е составен дел од програмата на македонската телевизија избор е натпреварот Охрид –Пелистер закажан за денеска од 19 часот со пренос на собранискиот сервис.