Почнува изградбата на магистралниот гасовод од Клечовце до Штип

13.03.2015 12:31

Се работи за делница долга 60,8 километри, која треба да биде готова до јуни 2016-та година...

Утре почнува изградбата на магистралниот гасовод Клечовце – Штип. Проектот ќе го реализира компанијата „Стројтранс гас“, со што ќе се затвори и прашањето за Клириншкиот долг од времето на Советскиот сојуз и Југославија.

Се работи за делница долга 60,8 километри, која треба да биде готова до јуни 2016-та година, а согласно ширината на цевките низ нив ќе можат да се пренесувата неколку милијарди кубни метри гас годишно.

Цената на проектот изнесува 75,7 милиони долари. Од компанијата наведуваат дека оваа линија ќе стане дел од новиот гасоводен систем на земјава. Потоа треба да се изградат уште 60-тина километри цевководи за поврзување со Грција.