Исланд ја повлекува кандидатурата за членство во ЕУ

13.03.2015 12:34

Ова доаѓа две години по доаѓањето на власт на десноцентристичката евроскептична влада, која вети дека ќе го прекине процесот на присоединување...

Исланд соопшти дека ја повлекува кандидатурата за членство во Европската унија. Ова доаѓа две години по доаѓањето на власт на десноцентристичката евроскептична влада, која вети дека ќе го прекине процесот на присоединување кон ЕУ, кој почна во 2009-та.

За одлуката била известена Летонија, која е ротационен претседател на ЕУ и која понатаму ја информирала Европската комисија.