Ниските цени ја билдаат продажбата на половните возила
Ниските цени, намалените давачки и олеснувањата при купопродажбата се причина за се поголемата побарувачка на половни возила во Струмица. И натаму најбарани се германските возила. Автомеханичарите со полни раце работа...

И домашните авто плацеви интересни за граѓаните. Иако најчесто половните возила ги купуваат од Бугарија, Словенија, Швајцарија или Германија, не мал е бројот на македонските граѓани кои оттука го збогатуваат возниот парк. Од нивната куповна моќ зависи и побарувачката за увезени возила. Ниските цени, намалените давачки и олеснувањата при купување се пресудни, велат продавачите.
„Мислам дека повеќе се одлучуваат на половни возила, зашто се поевтини, а куповната моќ е послаба и се продаваат возила до 3-4 илјади евра“, вели Трајче Василев, авто плац „Ентериер“.
Интересот за купување е малку поголем кај помладите, новопечени возачи, отколку кај постарите. Во последните години значително се зголемува и бројот на жени кои најчесто се одлучуваат за помали и поекономични возила. Желбите се различни и во изборот на моделот на возило, а има ограничувања и во цената.
„Влијание имаат мајсторите и сервисите кои препорачуваат Опел и Волксваген, мислат дека полесно ќе се одржуваат, повеќе се бараат германските возила“, вели Василев.
Со измените на законот за животната средина при увоз на возила од оваа година, предвидени се дополнителни давачки. Сменети се и давачките со миминум стандард на моторот- Еко 2,3 и 4 стандард на моторот. Сето ова значително го подобрува возниот парк на граѓаните.
Катерина Давчева
