УЈП: Годишни даночни пријави ќе се примаат и во понеделник
13.03.2015 13:22
Бидејќи законскиот рок за даночните обврзници истекува во неработен ден, недела 15 март , годишни даночни пријави ќе се примаат и во понеделник...

Расте бројот на граѓани кои поднесуваат годишни даночни пријави во Управата за јавни приходи. Во просек се поднесуваат по 40 илјади пријави дневно, досега се поднесени вкупно 283.338 пријави.
Во сабота регионалните дирекции и даночните одделенија ќе работат до 14 часот, а контакт центарот во Скопје од 9 до 20 часот. Бидејќи законскиот рок за даночните обврзници истекува во неработен ден, недела 15 март , годишни даночни пријави ќе се примаат и во понеделник.
Даночните обврзници мора да ја почитуваат законската обврска, да пријават екстра заработка.
