Пестициди во речиси половина од прехранбените продукти во ЕУ
Јаготките,праските, јаболката, салатите имале најмногу пестициди...

Остатоци од пестициди се присутни речиси во половина од прехранбените производи што се користат во земјите на Европската унија, но повеќето во рамките на законски дозволените ограничувања, веројатно без негативни ефекти врз здравјето, објавува Европската агенција за безбедност на храната (ЕFSA). Јаготките, праските, јаболката, салатите имале најмногу пестициди.
Анализите се направени на 81илјада примероци овошје, зеленчук, процесуирана храна и вино земени во 2013 година. ЕFSA заклучува дека 45% од нив содржат некој од 685 видови пестициди. Јаготките,праските, јаболката, салатите имале најмногу пестициди.
Само 1,5% од примероците содржеле повеќе пестициди од дозволеното, се вели во извештајот, додавајќи дека тоа пречекорување било поголемо кај увезените производи од трети земји-5,7%. Само 1,4% биле производи на ЕУ. Агенцијата наведува дека иако процентот на пестициди е во рамките на дозволените граници, ако се користат долгорочно може да имаат штетно дејство врз здравјето.
Од друга страна, пак, невладината организација PAN (Pesticide Action Network Europe) смета дека тоа е погрешно и противзаконски зашто ЕFSA не користела добри методи за утврдување на токсичноста на пестицидите, особено последиците од трајната и кумулативната изложеност, па затоа го критикува високиот степен на дозволено присуство.
Здружението за заштита на посевите (ECPA) оценува дека храната во Европа е безбедна.
Соња Стојановска
