Југохром започна со поставување на филтри за задржување на прашината

13.03.2015 14:08

Работата на филтер станиците покрај заштита на животната средина ќе овозможи и нови вработувања во фабриката, која во моментот работи со половина капацитет и има над 1.000 вработени...

Фабриката за производство на феролегури, Југохром од Јегуновце, започна со имплементација на проектот со кој се предвидува изградба на филтер станици за прочистување на издувните гасови од производството на фабриката.

Работата на филтер станиците покрај заштита на животната средина ќе овозможи и нови вработувања во фабриката, која во моментот работи со половина капацитет и има над 1.000 вработени.

Целокупната инвестиција која опфаќа изградба и опремување на три филтер станици, планирано е да се заврши до крајот на оваа година.