Ушковски- нов претседател на Судскиот совет

13.03.2015 15:28

Доаѓа на местото на досегашната претседателка Александра Зафировска која изминатите четири години раководеше со Советот...

Бранко Ушковски е новоизбраниот претседател на Sудскиот совет. На позицијата доаѓа после пет години поминати во оваа институција. Се обврза дека должноста ќе ја врши професионално и одговорно. Одговорајќи на новинарско прашање застана во одбрана на судската професија, тврдејќи дека за избор на судиите нема партиски пазарења.

Со ист став е и ресорниот министер Јашари. Тој додаде дека Советот не бил функционален поради доцнењето со изборот на првиот човек на Советот.

Досегашната претседателка Александра Зафировска , чиј мандат истече на 20 декември минатата година, го водеше советот четири години во два мандати.

Ушковски довербата ја доби со 13 од вкупно 14 гласа. Беше единствен кандидат. Пред влегувањето во Советот беше правник во Министерството за одбрана.

 

Фиљана Кока