Шпанската полиција уапсила осум можни џихадисти
13.03.2015 15:38
Шпанската влада презема акција против активностите на исламските милитанти во земјата по нападот на францускиот сатиричен часопис Шарли Ебдо во Париз...

Шпанската полиција уапси 7 лица за кои се сомнева дека се исламски милитанти кои најверојатно планирале напади врз Шпанија и за пари врбувале борци кои ќе заминат во Сирија и во Ирак, соопштува тамошното министерство за внатрешни работи.
Полицијата сега го бара нивниот имот околу Барселона и Авил во централниот дел на земјата, наведува министерството. Шпанската влада презема акција против активностите на исламските милитанти во земјата по нападот на францускиот сатиричен часопис Шарли Ебдо во Париз. Оваа година шпанската полиција уапси 21 лице поврзано со џихадистички активности.
